Обожавателите загрижени за ќерката на Ким Кардашијан: „Ова дете никогаш нема да доживее нормален живот“

Точка

08/09/2026

10:21

1.119

Големина на фонт

а а а

Норт Вест направи уште еден важен чекор во својата музичка кариера. Тринаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест во саботата, на 5 септември, го одржа својот прв самостоен концерт во театарот „The Vic“ во Чикаго, пред распродадена сала.

Меѓу публиката биле и нејзините родители, кои, иако повеќе не се заедно, дошле да ја поддржат својата ќерка.

Ким го следела настапот од еден дел од салата и ја снимала својата ќерка, додека Канје го гледал концертот од друг сектор.

Музиката ѝ станува сè поважна

Самостојниот концерт следува по година во која Норт направи неколку чекори кон посериозно занимавање со музика. Во мај го објави својот прв краток музички албум (EP) насловен „N0rth4evr“, а претходно настапувала и заедно со својот татко на големи фестивали.


Ова не е нејзина прва средба со сцената. Таа учествувала и во театарски проекти, меѓу кои и во улогата на младиот Симба на јубилејниот концерт на „Кралот лав“ во „Hollywood Bowl“. Меѓутоа, неодамна се откажала од настап на кој требала да биде предгрупа на Моли Сантана.

Обожавателите се загрижени дека премногу работи

Додека дел од публиката ги слави нејзините музички успеси, други по концертот се запрашале дали Норт има премногу обврски за нејзината возраст. Особено се потсетиле на нејзината изјава дека би сакала да проба сосема обична работа.

Во интервју за „Dazed“, Норт открила дека на 14 години би сакала да работи во „Старбакс“, бидејќи сака да види како изгледа една „обична работа“.


Таа изјава предизвика загриженост кај дел од корисниците на социјалните мрежи. „Оставете ја да настапува во училишни претстави и дома. Нека работи на својот глас … Оставете ја да биде дете, а кога ќе биде подготвена, тогаш промовирајте ја и повеќе луѓе ќе ја следат“, напишал еден корисник.

Друга корисничка коментирала: „Се чини дека ова девојче копнее по нормален живот“ и додала дека таа би требало да може „едноставно да живее како обична 13-годишна девојка“ додека открива што ја интересира. Трет отишол чекор понатаму: „За жал, ова дете никогаш нема да доживее нормален живот. Примерот што ѝ го даваат нејзините родители, тетки и баба воопшто не помага. Жал ми е за неа“, напишал тој.


Норт знае што сака

И покрај ваквите коментари, Норт во повеќе наврати јасно рекла дека музиката не ја доживува само како уште една активност со која се занимава поради своето семејство. „Ова е моето хоби, тоа е она што сакам да го правам и со што сакам да се занимавам во животот“, изјавила претходно оваа година за „Dazed“. Настапите ги опишала како „забавни, ослободувачки и возбудливи“.

Поддршка ѝ дава и Ким Кардашијан. Во разговор за „Complex“ претходно оваа година, таа опишала колку Норт е сигурна во она што го прави.


„Таа сака да продуцира музика и сакаше да ја сподели со светот. Не се плаши дали на луѓето ќе им се допадне“, изјавила Ким. „Иста е како нејзиниот татко – ако нејзе ѝ се допаѓа, тоа ѝ е доволно и не се грижи премногу за туѓите мислења. Горда сум на неа што објавува музика, се забавува и го прави тоа на свој начин“, истакнала Кардашијан.