Емотивна приказна која нема да ве остави рамнодушни: Самохран татко пораснал во дом за деца без родители, па посвоил три деца

Кармин

11/11/2019

15:20

1.907

Големина на фонт

а а а

До 26-годишна возраст, Бери Фармер од Вирџинија вдомил три момчиња. Неговата приказна е неверојатна поради три причини: тој е самохран татко на три синови, има афроамериканско потело, а и самиот пораснал во дом за деца без родители.

Со навршена 21-година, кога повеќето Американци прославуваат за тоа што легално можат да нарачаат алкохолен пијалок, Бери работел на тоа да посвои дете. Па така, во 2011-та година го вдомил момчето Џексон, коњ имало само 8 години. Планирал да се грижи за него додека семејството не застане на нозе, но кога Џексон го прашал дали може да остане со него засекогаш, Бери не можел да го одбие.

Две години подоцна, го вдомил и Хавиер, а една година подоцна и Џереми.

Својата приказна ја раскажува на Инстаграм и се обидува на луѓето да им даде до знаење колку е важно да се расте со родителска фигура.

„Татковството е нешто за кое отсекогаш сонував. Родителството може да биде стресно, исцрпувачко, непредвидливо, но може и да ти ја наполни душата“, напишал тој.

Бери пораснал во дом за деца без родители сè додека не успеала да го посвои неговата баба која се грижела за него до полнолетството. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk