Бил господар на фудбалската игра, а починал како заборавен херој: Неверојатна животна приказна за фудбалерот кој се родил со тежок деформитет, а станал легенда

Точка

28/10/2019

14:27

2.857

Големина на фонт

а а а

На денешен ден 1933-та година роден е еден од најдобрите бразилски и светски фудбалери - Гаринча. Мануел Франциско дос Сантос, попознат под прекарот Гаринча роден е на 28-ми октомври 1933-та година во местоот Маџа во близина на Рио.

Како и секоја приказна на еден фудбалски великан од почетокот на 20-от век така и оваа не смее да биде необична, тажната приказна на овој фудбалер никој нема да остави рамнодушен.

Гаринча е роден со деформиран грб, шест центиметри пократка и крива лева нога и изгледал како дете кое ќе се бори за својот живот. Но, тој живот имал и некои блескави моменти.

Прекарот Гаринча му го дала неговата сестра по малата птица, а го опишувала и неговиот темперамент и изглед.

Помало од останатите деца, несреќно граден, со слаб имунитет, ова момче како и своите врсници уживал во гледање фудбал. Наскоро следела првата можност, првиот контакт со топката и на сите им било јасно - ѕвездата е родена.

Поталентиран и поспособен од останатите не можел да помине незабелжано - сите фудбалски менаџери многу добро го познавале Гаринча.

Бил сиромашен на кој на фудбалскиот свет можел да му понуди неповторливи натпревари, секој му се восхитувал па дури и само еднаш да го имал видено.

„Гаринча беше неверојатен играч, еден од најдобрите на сите времиња. Можеше со топката да направи работи кои другите не можат. Да не беше тој јас никогаш немаше да освојам три светски првенства“ - изјавил Пеле.

Фудбалската бајка за жал траела кратко. Тргнал по стапките на својот татко алкохоличар, парите кои ги заработувал ги трошел на скапи алкохолни пијалаци и лесни жени. Неговото слабо тело не можело да издржи, а срцето го издало на 20-ти јануари 1983-та година на 50 годишна возраст.




Спонзорирани линкови

Маркетинг