Поранешен менаџер на Лидс: Сите знаеја дека Сити мами и работи неправилно, очекувам строга казна за нив

Дерби

05/10/2026

11:58

210

Големина на фонт

а а а

Џеси Марш го водеше тимот на Лидс Јунајтед во периодот 2022/23та година, а бидејќи во тоа време Манчестер Сити реализираше една богата операција со играч кој тој го тренираше, Американецот нема баш добри спомени од „граѓаните“.

Екс менаџерот на Лидс е убеден дека истрагата на независниот панел на Премиер лигата е целосно точен и дека Манчестер Сити е виновен по сите обвиненија, но според него, ова што сега официјално се пренесе во јавноста е нешто со кое сите биле запознаени во англискиот фудбал.

– Мислам дека Манчестер Сити треба да биде строго казнет. Сметам дека треба да бидат исфрлени во понизок ранг, а патем, сите знаеја за тоа. Сите знаеја дека мамат и дека прават незаконски работи.

– Тоа лето [2022 година], ние и Манчестер Сити бевме единствените екипи што објавија дека оствариле заработка. Што се однесува до нас, навистина заработивме, бидејќи ги продадовме Рафиња и Калвин Филипс [во Сити]. Ни останаа значителни средства во споредба со она што го потрошивме за купување играчи.

– Од друга страна, кога Манчестер Сити го тврдеше истото, буквално си помислив: ‘Се шегувате? Дали ова е некаква шега? Кога објавија дека го довеле Ерлинг Халанд за 52 милиони фунти, знаев дека нешто не е во ред. Знаев дека има недоследности во тоа, но што можеш да направиш? Едноставно креваш раце и велиш: „Тоа е фудбалот“, – вели Марш.