Елена “живот со стил“ за првпат го покажа своето момче во јавноста: „Посакувам нашата среќа никогаш да не заврши“

Кармин

14/10/2019

18:53

11.164

Големина на фонт

а а а

Македонската ТВ водителка на емисијата „Живот со стил“ за првпат го покажа своето момче во јавноста и како што пишува самата таа, двајцата заедно се многу среќни.

Таа на својот Инстаграм профил објави низа заеднички фотографии со своето момче, Бојан Најдоски на кое воедно му го честита и неговиот роденден.

„Среќен роденден на една посебна личност која му носи радост на моево срце. Благодарна сум на секој момент кој го поминуваме заедно и посакувам нашата среќа никогаш да не заврши“ - напиша Елена под фотографиите.

Водителката воедно во кратко интервју за „Женски магазин“ дала куса изјава во која не сакала да открива многу од нејзиниот љубовен живот.

„Многу сме среќни. Не сакам сега за сега да откривам детали. Фотографиите кажуваат сè. Ова е мое прво јавно откривање на фогографии со дечкото. И доволно е...“ - изјавила Елана за Бојан кој е сопственик на познат кафе бар во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk