Светското одбојкарско првенство во Јапонија влегува во завршната фаза, а Бразил и Полска пред го одиграа убедливо најинтересниот натпревар досега на турнирот.
По голема драма, Бразилците победија со 3:2 во сетови, но сепак вистински хит во светската спортска јавност стана поенот кој го освоија Полјаците во четвртиот сет. Вилфредо Леон со фудбалски шут спаси една топка, истата отиде позади рекламните паноа, но Кубијак успеа некако да ја врати и да изрежира поен каков што ретко се гледа.







