Тотално лудило на тезга во Хрватска: Сите купуваат мандарини од кај Кристина, а кога ќе ја видите сè ќе ви стане јасно

Точка

03/10/2019

22:38

18.721

Големина на фонт

а а а

„Те молам дај ми два килограми мандарини за проба, за децата“, ѝ рекол вчера купец на продавачката Кристина Пенава.

„Колку години имаат децата?“, го прашала таа. „Па, 27 и 30“, одговорил купецот додека се обидувал да остане сериозен.


Додека новинарите разговарале со продавачката, се продале најмалку 40 килограми мандарини и неколку килограми грозје. Купците се на различна возраст и имаат од 18 до 88 години.

Сопствениците избрале фреквентна локација покрај која има паркинг. Застануваат и луѓе со луксузни автомобили. Оние кои поминуваат покрај овој дел на Загреб, застануваат дури на спротивната страна на улицата и пуштаат четири трепкачи, за да ја земат својата доза витамин Ц.

„Дајте ми кисели, благи, зелени, било какви“, ѝ рекол друг купец на Кристина, додека таа му го покажувала овошјето. Но, како други десетина задоволни купци, тој не си заминал додека не се фотографирале заедно. За спомен на брзото селфи, Кристина само се насмевнала.

View this post on Instagram

🌞

A post shared by 🔱 KRISTINA 🔱 (@lareina1134) on

Штом тоа го забележале и другите луѓе, и тие побарале да се фотографираат со згодната Кристина. Затоа понекогаш изгледа како да има две колони со луѓе.

„Работам за ОПГ и газдите знаат дека луѓето сакаат да се фотографираат. Тоа нѝ е симпатично и добро се забавуваме“, вели Кристина.

Бизнисот со овошјето и зеленчукот буквално цвета и секој ден има нови, свежи плодови.

На прашањето дали има хемикалии, Кристина подготвено одговара дека овошјето е непрскано и дека може сите да го јадат.

„А, вие дури сега дојдовте? Доцните два дена. Постојано се враќаме за да земеме повеќе. Мене шефот ме испраќа“, им рекол друг купец на новинарите.

Инаку, Хрватска во 2018-та година на површина од 1910 хектари произвела 47.440 тони мандарини. Во Русија годишно се пласирале на пазарот околу 25.000 до 30.000 тони мандарини, но, за жал, тоа повеќе не е можно поради санкциите што Москва ги воведе во Европската Унија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг