Една од најатрактивната ММА фајтерки, Пејџ Ванзант (25) за таа професија се одлучила откако била силувана во текот на нејзините тинејџерски денови од страна на свој врсник.
Денес, Пејџ е една од омилените дами на машката популација, а со оглед на нејзината феноменална фигура тоа е целосно нормално.
Таа се бори во елитна организација, УФЦ, а во својата кариера остварила осум победи и четири порази.
Таа за ММА почнала да се интересира во текот на нејзините средношколски денови каде што група девојчиња ја малтретирале психички, а конечната одлука да се занимава со тоа ја направила откако подоцна била силувана.
Иако не била секогаш успешна во своите борби таа сепак успеала да привлече големо внимание кај машката публика. Денес таа заработува повеќе од својот изглед олколку од ММА борбите, но тоа не ѝ пречи.
„Отсекогаш сакав да имам големи гради, но бидејќи немав природно тоа што го сакам одлучив да ги “купам““ - открила Пејџ во некој разговор.















