Јувентус го продава Бремер, во Торино доаѓа Ридигер

Макфакс

02/04/2026

15:21

168

Големина на фонт

а а а

Во Јувентус наводно се подготвени да го стават на трансфер листата еден д најдобрите играчи, Бразилецот Бремер.

Како што објавија неколку италијански медиуми, Јуве би можел да го пушти бразилскиот репрезентативен стопер, бидејќи често има проблем со повредите, но и добро котира на трансфер пазарот, бидејќи врвни клубови се заинтересирани за него. Бремер, кој премногу често се справува со повреди, па „старата дама“ би се обидела да се ослободи од него.

Бремер е недопирлив во Јувентус долго време, но клубот сега размислува да се откаже од него доколку тим надвор од Серија А понуди најмалку 50 милиони евра.

Продажбата би била уште пореална доколку Јувентус не се квалификува за Лигата на шампионите.

Од друга страна, Јувентус е блиску до договор со Антонио Ридигер, чиј договор со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната, шото исто така ги „подгреа“ гласините дека Бремер ќе биде продаден