Босански стартер скапо ќе плати за пласманот на СП: Ветувањето кое го даде ќе го чини 300 илјади евра!

Дерби

02/04/2026

13:51

303

Големина на фонт

а а а

Босна и Херцеговина направи историски подвиг и по вторпат обезбеди пласман на едно Светско првенство, и тоа во сценарио кое малку кој можеше да го замисли во Зеница.

Драмата кулминираше со пенал рулет по кој „змејовите“ беа подобри од „аѕурите“, а по последниот судиски свиреж на Турпан започна прославата која подоцна траеше и до раните утрински часови.

Избраниците на Барбарез направија успех кој малку кој можеше да го предвиди пред една година кога тимот изгледаше безидејно, но добрата работа на селекторот и напредокот на голем дел од играчите на крајот донесоа сценарио кое ја израдува цела нација.

Сите играчи уште долго ќе го паметат триумфот над Италија, но еден од репрезентативците на Босна ќе мора и добро да си го олесни џебот, а тоа е така поради ветувањето кое го даде пред натпреварот.

Ермедин Демировиќ вети дека ќе купи пиво за цел стадион во Штутгарт доколку Босна се пласира на мундијал, а откако тоа се оствари, сега самиот најави дека ќе си остане на зборот.

– Една рунда за цел стадион оди на моја сметка. Вистинскиот маж стои зад своите зборови. Знам дека тоа ќе ме чини цело богатство, но тоа ќе го направам со големо задолство, – изјави Демировиќ кој настапува за германскиот великан.

Со оглед на тоа што едно пиво на стадионите во Германија чини 5 евра, а стадионот на Штутгарт има капацитет од 60 илјади гледачи, Демировиќ за пласман на СП ќе мора да издвои околу 300 илјади евра.