Што одговорил Чарлс кога го прашале дали е заљубен во принцезата Дајана?

Кармин

23/09/2019

18:00

5.674

Големина на фонт

а а а

Одговорот кој ни принцезата Дајана никогаш не го сфатила до крај... Принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана се вериле на 24-ти февруари 1981-та година, а на 28-ти јуни истата година се венчале во катедралата Свети Павел во Лондон.

На денот на веридбата го дале своето официјално интервју, но исто така се фотографирале за јавноста.

Иако биле неискусни пред медиумите, едно прашање особено го довел во непријатна ситуација принцот Чарлс, но и реакцијата на принцезата Дајана и покажало дека меѓу нив има некој проблем.


Прашањето гласелo: „Дали сте заљубени?“, што не е всушност тешко прашањето за оние кои навистина се заљубени.

Принцезата одговорила: „Секако“, меѓутоа тој одговор всушност послужил за да ја прекине непријатната тишина, а потоа се огласил и принцот Чарлс со зборовите:

„Што и да значи зборот љубов“.


Неговиот одговор Дајана никогаш не го заборавила, па подоцна ја искометирала таа изјава.

„Целосно ме шокирапе неговиот одговор. Се сеќавам дека тогаш размислував зошто воопшто тоа го изјави... Грдо искуство“ - признала таа за медиумите подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk