Импесивна колекција: Фронтменот на „Металика“ донираше десет култни автомобили

Точка

12/09/2019

12:56

2.824

Големина на фонт

а а а

Џејмс Хетфилд, гитарист и пејач на популарниот бенд Металика донираше десет култни автомобили на легендарниот автомобилски музеј „Петерсен“ во американската сојузна држава Калифорнија.

Хетфилд е голем љубител на автомобилите и поседува огромна колекција на култни возила, од кои лично учествувал во реставрацијата на неколку од нив. Малку познато е дека Хетфилд пред да стане популарен музичар работел во механичарски работилници во Калифорнија и го специјализирал таканаречениот "custom" стил.

Тој сега вели дека се заситил од неколку модели кои ги поседува подолго време и сака на некој друг да му пружи прилика да ужива во нив, додека слободното место во неговата гаража ќе го пополнат некои други автомобили.

Хетфилд ги подарил следниве 10 автомобили: Lincoln Zephyr (1937), Auburn Roadster (1936), Packard Coupe (1934), Ford Coupe (1936), Ford F-100 (1956), Jaguar Mk. 4 (1948), Buick Skylard (1953), Ford Coupe (1937), Lincoln Continental (1961), а последниот модел најверојатно е Ford од 1932 година, или пак Oldsmobile од 1952.




Спонзорирани линкови

Маркетинг