Иако сите костими кои ги носи се повеќе од секси, Џенифер сепак во овој бел костим ги остави без здив сите.
Џенифер Лопез (50) од 7-ми јуни е на својата „It's My Party“ турнеја, а на 9-ти август одржа спектакуларен концерт во Египет.
Иако многу од пејачите на самиот крај од нивната турнеја можеби би биле многу исцрпени и без онаква енергија која ја имале на почетокот на турнејата, кај Џенифер тоа не важи. Таа во Египет “растурила“ како да е на самиот почеток на својата турнеја, а фотографиите и снимките од концертот само го докажуваат тоа.
Во еден момент од настапот Лопез својот задник го свртела кон публиката.
И додека Џенифер ги редеше своите успеси нејзината посилна половина, спортистот Алекс Родригез пател по неа, а тоа го истакнал и јавно.
„Душо, знам дека “растураш“ во Русија и дека имаш уште едно шоу до крајот. Ми недостигаш многу и не можам да дочекам да те видам назад дома“ - напишал пред два дена.
Со оглед на тоа што Џенифер својата турнеја официјално ја заврши на 11-ти август во Санк Петербург тогаш таа сега би требало да е дома со својот сопруг.