Дали и вие имате повеќе членови од семејството или блиски пријатели кои се родени на ист ден во месецот?
Според истражувањата на научниците, тоа не е случајно. Статистиката вели дека во јули, август и септември се раѓаат најмногу деца. Ова го поврдиле резултатите од неколку истражувања, а најновото е спроведено неодамна, на Универзитетот Хардвард, пренесува „Business insider“.
Меѓутоа, истражувачите не запреле само на тоа, туку отишле и чекор понатаму, па откриле во кој ден се родени најмногу луѓе. Резултатите велат дека тоа е 16-ти септември.
Се позанимавале со т.н. роденденски парадокс, кој вели дека веројатноста дека од 23 лица во една просторија, барем две се родени во еден ден, е малку поголема од 50 отсто. А кај 50 лица тој процент оди и до 90 осто.