Необичен мачор со четири уши и едно око конечно пронашол постојан дом

Точка

09/07/2019

16:47

2.650

Големина на фонт

а а а

Френки, необичниот мачор кој е роден со четири уши и едно око, конечно пронашол постојан дом, а неговите сопственици велат дека тој има прекрасен нарав.

Френки и неговиот брат биле пронајдени од страна на еден пар под скали на напуштена куќа. Тие претпоставуваат дека нивната мајка била улична и дека имало поголем број на мачиња, но не преживеале. 

Парот имал намера да ги одведе мачињата во азил за животни, но пред тоа ги однеле на ветеринар. Поради инфекции, на Френки му го отстраниле едното око, а морале да му ја оперираат и долната вилица поради предолгите заби со кои се мачел да јаде. Освен тоа, мачорот имал и проблеми со зглобовите кои му го отежнувале одот.

Георги Андерсон кој го вдомил Френки вели дека луѓето најпрвин забележуваат дека тој има уште еден пар уши, но тие секогаш нагласуваат дека освен уникатниот изглед, мачорот има и прекрасен карактер. Тој е приврзан за своите сопственици и обожува да биде покрај нив.

Освен неговото ново семејство, Френки го обожуваат и многу луѓе ширум светот кои го следат и на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг