„Го срамиш спортот Сузи, исчезни!“: Втората најбрза атлетичарка во Америка стана ескорт дама и сите ја осудуваат

Кармин

25/06/2019

11:32

3.241

Големина на фонт

а а а

Сузи Фејвор Хамилтон беше една од најперспективните американски атлетичарки, а трипати беше учесник на Олимписките игри, но светската слава ја постигна благодарение на една друга нејзина професија, многу поразлична од онаа спортската!

Вистината за неа се дозна во 2012-та година кога беше откриено дека навечер работи во елитни клубови во Лас Вегас како “ноќна дама“ и тоа под името Кели Лунди.

„Да, работев како проститутка“ - едноставно призна, а целото свое искуство го забележа во својот мемоар: „Брза девојка: Живот во бегство од болест“.

Оваа 50-годишна жена денес тврди дека за сè е виновно биполарното пореметување од кое боледува, а вели дека ја уништила и погрешната дијагноза кои докторите ѝ ја дале пред оваа. Дијагнозата не била точна и се докажало дека таа цело време пие погрешни лекови.

„Целосно сум сигурна дека никогаш не би станала ескорт дама да не беа тие лекови кои влијаеа да ми се зголеми либидото. Нема никакви шанси. Свесна сум дека имав сексуални односи за пари, а кога кажувам дека сето тоа е биполарно пореметување, не се обидувам да се оправдам“ - објаснила таа.

Сузи се присетила и на тоа дека многу години имала проблем со самодовербата, а дека сето тоа кулминирало во 2000-та година во текот на Олимписките иги во Сиднеј кога намерно паднала и се преправала дека е повредена во текот на трката од 1.500 метри.

„Мојот сон за освојување на олимписки медали беше завршен и наместо да ја завршам трката, си реков себеси: „Падни!“, па тоа и го направив. Во тој момент сè тргна наопаку. Тогаш тоа не можев да го забележам, но подоцна увидов дека тоа беше првиот чекор кон порокот“ - ја отворила својата душа и продолжила:

„Бев во депресија и повеќе не знаев што ќе правам со себе. Еден ден му кажав на сопругот дека морам да станам ескорт дама и дека тоа е единствениот начин ако сака да ме гледа среќна. Долго се колебаше, но на крајот ме поддржа“ - изјавила таа.

Фејвор инаку е втората најбрза атлетичарка на 1.500 метри во американската историја, денес се откажа од “најстариот занает“, но вели дека не се срами од минатото.

„Свртев нова страница во животот. Моето животно искуство е богато и сметав дека морав да поминам низ секоја фаза за да се изградам и да станам уште подобра личност. Можев да се свртам кон коцкањето, дрогата, алкохолот, но го избрав сексот“ - заклучила таа.

Низ големата нејзина исповест открила дека поголемиот број од нејзините блиски луѓе останале покрај неа во тој мрачен период.

„Сопругот не ме остави. Не ми ја одзеде ќерката. Моите родители не разбраа зошто, но останаа покрај мене, ме сакаа најдобро што можат. Некои од пријателите исчезнаа, но поголемиот број од нив останаа тука. Имав одредена поддршка и од светот на атлетиката, но некои сметаат дека го засрамив целиот спорт и едноставно сакаа само да исчезнам. Морав да се откажам од својата редовна работа затоа што многу лошо влијаеше на моето пореметување. Денес моето пореметување е под контрола. Наичив да не се срамам од тоа што сум го направила“ - раскажала таа.

View this post on Instagram

“A hard fall means a high bounce if you’re made of the right material.” . . We’ve all had our “rock bottom” to varying degrees, right? Mine was a pretty good one, wouldn’t you say? 😊 . . We all have the ability to make it through life’s challenges and if we play our cards right, can even come out the other side a much better person for it. Struggle can provide proper perspective and a realization of what’s TRULY important in life. . . I love to hear about such stories as they tend to make myself and others feel less alone. Provide a roadmap so to speak. Anybody willing to share their story of coming through the storm? Yours truly would greatly appreciate it 😊 . . Oh, and Happy Hump Day! . . 📷 by @marcoibanezphoto . . #lifecoaching #lifecoachingforwomen #survive #evolve #grow #paintopurpose #growthroughstruggle

A post shared by Suzy Favor Hamilton (@favorhamilton) on


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk