Дали „Revenge body“ е најдобрата женска одмазда за поранешниот?

Кармин

19/06/2019

16:27

2.830

Големина на фонт

а а а

„До лето ќе изгледам како милион долари, а ти ќе се 'изедеш' од мака што повеќе не сум твоја девојка.“ Ви звучи познато?

Феноменот „revenge body“ е физичка трансформација на девојките кои ја преболеле (или уште го прават тоа) траумата од раскинувањето. Тоа се однесува на вежбање во теретана, користење на спреј за самопотемнување и голем број помошни додатоци кои ќе му 'помогнат' на поранешниот да полуди од маки кога ќе ве види.


Резултатите често се документирани на сите социјални мрежи кои ги поседува. Многумина ќе се смеат на ова, и ќе речат дека тоа се целосни глупости. Но, дали навистина се глупости ако на овој начин им помагаат на девојките ширум светот да се опорават од бурното раскинување? Кога врската ќе доживее крах, на девојките им се појавува одбрамбениот механизам кој се труди да излезе од мрачниот живот и повторно да се чувствува посакувано, откако со некого делеле сè.

Сите знаеме колку се болни раскинувањата, особено кога се комплицирани. Овој тренд заживеа токму благодарение на социјалните мрежи, бидејќи тие станаа сè.


Меѓутоа, колку е сето тоа здраво?

Сепак, познатата инструкторка на познатите и славните дами, Ана Каисер, тврди дека овој начин за да го затегнете вашето тело не е добра мотивација. „Вежбањето треба да биде позитивно искуство, а не излегување од личното робство. Идејата за одмазда воопшто не е здрава. Да продолжите понатаму и да бидете посилна личност е многу поздрава идеја“, објаснила Ана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk