Љубовен триаголник: Актерот се забавува, манекенката објавува фотографии, а поранешниот свршеник "лајкува"

Кармин

12/06/2019

14:41

6.350

Големина на фонт

а а а

По пишувањето во медиумите за раскинувањето на холивудскиот актер Бредли Купер и руската манекенка Ирина Шајк, вниманието на јавноста овие денови е завртено кон животот на овој познат пар.

По раскинувањето на четиригодишната врска со руската убавица, актерот бил снимен во првото соло излегување со пријателите, пред еден холивудски ноќен клуб. 

Додека тој очигледно се забавува во излегувањето и можеби се обидува да заборави на проблемите, Ирина ужива во природните убавини на Исланд, каде снима кампања за една модна куќа, со што се пофалила на Инстаграм.

Бредли во клубот излегол во лежерно, опуштено издание. Неименуван извор за "Daily Mail" потврдил дека актерот, ѕвезда на филмовите "Hangover" и "American Sniper" се задржал неколку часа во еден ноќен клуб, по што заминал дома.

Додека Бредли времето го минувал со пријателите, Ирина на снимањето заблескала и ја покажала совршената фигура.

Потсетуваме, еден од најубавите, сега веќе поранешни парови, ја прекинал четиригодишната врска откако наводно емоционални се одалечиле додека тој работел на филмот "A Star is Born" со Лејди Гага, што потврдил нивен близок извор.

"Се обидоа да ја спасат врската, но работите меѓу нив се променија. Со оглед на тоа дека својот приватен живот се обидуваа да го задржат само за себе, малкумина знаеја што всушност се случува", изјавил тој.

View this post on Instagram

🍃 @intimissimiofficial

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

За наводната врска меѓу Бредли и Гага почнало да се зборува по нивниот заеднички настап на овогодишното доделување на Оскарите.

Во љубовната приказна на актерот и пејачката, сега се вмешал и поранешниот свршеник на Гага, Кристијан Карино. Тој ја "лајкнал" последната фотографија на Ирина на Инстаграм, што било забележано од јавноста.

Дали со тоа сакам нешто да ни каже, ќе дознаеме во продолжение на оваа љубовна приказна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk