Почетокот на крајот на врската меѓу Ирина Шајк и Бредли Купер беше филмот „A Star is Born“

Кармин

11/06/2019

15:35

3.192

Големина на фонт

а а а

Еден од најатрактивните холивудски парови, актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк ја прекинаа нивната врска пред неколку дена, а со тоа покренаа лавина шпекулации и гласини. Сепак извори блиски на парот тврдат дека за сè е виновен филмот „A Star is Born“.

„Бредли беше многу отсутен за време на долгото снимање на филмот. Се обидоа да ја спасат врската, но едноставно не им одеше“ - изјавил извор близок на парот за „People“.

Раскинувањето доаѓа не многу долго по гласините дека Бредли е во емотивна врска со Лејди Гага, која во филмот се појавува покрај него како една од главните улоги. Поради големата хемија на снимањето, но и во понатамошните појавувања во јавноста, фанофите се посомневале дека нивната врска не е само пријателска.


Иако Ирина и Бредли имале проблеми во нивната врска, малкумина знаеја повеќе детали околу тоа со оглед на тоа што овој пар е многу таен и се труди да ги сочува деталите од врската од јавноста. Еден од знаците кој покажувал дека има проблем во нивниот “рај“ е и говорот на Купер на доделувањето на наградите Бафта, оваа година, кога ѝ се заблагодарил на Ирина затоа што го “трпела“.


„Најмногу би сакал да ѝ се заблагодарам на Ирина, затоа што ме трпеше и имаше трпение за музиката која ја правев во нашиот подрум една година. Многу ти благодарам“ - изјавил тогаш актерот.

Изворот ја заокружил приказната додавајќи дека парот последните неколку месеци ги поминал одвоено. Кога Ирина била во градот и во семејниот дом, Бредли заминувал надвор од градот и обратно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk