Врсниците ѝ велеле дека е најгрдото девојче на светот: 25 години подоцна на сите им ги „затнала“ устите

Кармин

27/03/2019

21:34

15.103

Големина на фонт

а а а

Лизи Веласкез уште кога била родена не изгледала како сите други деца. На раѓањето имала само 900 грама и веднаш се знаело дека нешто не е во ред.

Уште како бебе добила морничава дијагноза - Марфанов синдром, состојба поради која телото не може да добие ниту да задржи килажа. Покрај тоа што е исклучително слаба, таа старее побрзо од другите и е слепа на едното око.

Поради карактеристичниот изглед, децата ја навредувале откако знае за себе. Тогаш зборувале дека е најгрдото девојче на светот.

Децата во лице ѝ кажувале дека е „одвратна“. Таа во интервју за британскиот Дејли Меил рекла дека „како мала не сфаќала дека се разликува од врсниците“ и дека мислела дека сите изгледаат како неа. Работите се влошиле кога на 16 години направила профил на интернет. Таму потполно непознати лица ѝ пишувале дека е грда и дека „најдобро е самата да си го одземе животот“.

Видеото во кое ја навредувале станало многу гледано, а таа паднала во депресија.

Ја искористила популарноста со која се здобила на Јутјуб и ја свртела во своја корист. Таа денес е прочуена мотивациона говорничка и гордо го покажува својот нов изглед.

Кога ќе го слушнете нејзиниот говор, ќе ви биде јасно како на сите им ги „затнала“ устите и рекла дека не се плаши од својот изглед, бидејќи тој ѝ дал смисла за животот - да им помага на сите оние кои некој ги исмејува и да им покаже дека имаат сила да бидат среќни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk