Славната актерка со сериозен проблем: „Менструалните циклуси ми го уништуваат животот!“

Кармин

22/02/2019

16:20

5.669

Големина на фонт

а а а

Повеќето жени би се согласиле дека менструацијата не им е нималку забавен дел од месецот, а токму за тоа проговорила и Дакота Џонсон, ѕвездата на филмскиот серијал „50 Нијанси сиво“, во интревју за InStyle.

Славната актерка признала дека многу тешко се носи со симптомите за време на менструалниот циклус и дека целото тоа искуство кое се повторува ѝ е непријатно и исцрпувачко.

„Хормоналните промени за време на менструалниот циклуси го уништуваат животот“, рекла Дакота и додала дека тоа ѝ е малку неверојатно.

„Во неверување сум поради тоа што тогаш ми се случува со телото и мозокот, а моите гради се осум пати поголеми од обично. Тоа е навистина трауматично и едноставно не можам да се навикнам на истото“, се пожалила таа.

Како што истакнала, ѝ здодеало да биде пасивен набљубудвач на сопствениот живот и се приклучила во програмата за граѓанско репродуктивно образование, за првенствено да може да си помогне себеси, а потоа и на другите жени, за подобро да го разберат своето тело. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk