Пејачката откри дека Трамп ѝ се јавил после експлицитниот настап на VMA: "Ми рече дека многу му се допадна, а сега тој е наш претседател"

Кармин

22/02/2019

11:43

4.183

Големина на фонт

а а а

Мајли Сајрус неодамна даде интервју за Vanity Fair и во него откри дека Доналд Трамп ѝ се јавил после настапот на VMA во 2013 година. Тогаш таа одржала настап кој на сите им остана длабоко врежан во сеќавањето.

"Кога го имав тој настап, престојував во облакодерот на Трамп и утрото после настапот добив повик од него. Ми честиташе и ми рече дека многу му се допадна мојот настап", рекла Мајли. 


Неговиот потег многумина го сметаат за непримерен, бидејќи Мајли тогаш имаше само 21 година, а нејзиниот настап беше многу експлицитен.


"А, сега тој е наш претседател. Тогаш сите велевме дека ќе се преселиме доколку стане претседател, зборувавме многу работи кои не ги мислевме. Како некој кој себе си се смета за активист, се чувствувам горда на себе што останав овде и сите заедно да се браниме од расистичкиот и сексистички човек", рекла Мајли, која јавно се изјасни против политиката на Трамп.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk