Ана Фарис му честитала на поранешниот сопруг за веридбата и му понудила нешто неочекувано

Кармин

16/01/2019

14:25

3.730

Големина на фонт

а а а

Не помина многу време откако и официјално објавија дека се разделиле, а актерката Ана Фарис и Крис Прет веќе открија кои се нивните нови партнери.

Ана е во врска со снимателот Мајкл Барет, а Крис со ќерката на актерот Арнолд Шварценегер, Кетрин Шварценегер, која пред неколку дена ја запроси.

Бидејќи Ана и Крис имаат 6-годишен син Џек, се потрудиле да останат во што е можно подобри односи, а како што истакнале повеќепати, тоа воопшто не им било тешко, бидејќи со години се труделе да го спасат својот брак, но на крајот сфатиле дека сепак им е подобро кога се разделени.


Откако Крис објавил фотографија на која тој и Кетрин се прегрнуваат и го покажуваат вереничкиот прстен, Ана одлучила јавно да им честита со коментар.

„Толку сум среќна за вас двајца! Ви честитам“, напишала таа.


Покрај тоа, за „Metro News“ Ана открила дека Крис веднаш ѝ испратил порака, откако Кетрин прифатила да се венча со него, на што таа му одговорила: „Само сакам да те потсетам дека имам дозвола за венчавање“.

Прилично необична реакција од поранешна сопруга, зарем не?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk