Мало девојче ја изненадило Кејт Мидлтон со прашање за кралицата: Војвотката не знаела што да ѝ одговори

Кармин

15/01/2019

19:18

5.724

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон денеска се дружела со деца од една јавна градинка во Ислингтон, каде им помагала во подготовка на пици во кујна на отворено.

И додека Кејт се дружела со децата, едно девојче ѝ поставило прашање кое војвотката малку ја замислило: „Дали кралицата некогаш јадела пица?“, прашало љубопитното девојче, на што Кејт се насмеала и рекла дека - нема поим.

„Тоа е баш добро прашање, немам поим. Да ја прашам ли следниот пат кога ќе ја видам?“, му одговорила Кејт на симпатичното девојче, пренесува британскиот Дејли Меил.


И додека Кејт не била сигурна какви биле ставовите на кралицата за италијанската кујна, поранешниот готвач во Бакингемската палата тврди дека кралицата не е голем фан на пиците. „Готвев за кралицата 11 години и никогаш не ја послужив со пица“, рекол тој за Дејли Меил.

„Пицата не ѝ беше на менито дури ниту кога патувавме во Италија. Готвачите мораа да излегуваат откако кралското семејство ќе завршеше со јадење, за да јадат пица некаде надвор“, тврди тој. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk