Дознајте ја нејзината тајна: Родила две деца, јаде шест оброци дневно, а изгледа како фитнес модел

Кармин

12/12/2018

17:00

4.514

Големина на фонт

а а а

Шонтел Данкан е мајка и фитнес гуру од Австралија, која ја открила тајната на својата неверојатна линија.

Љубовта кон самиот себе и посветеноста е тоа што гарантира резултати.

Шонтел, која денес има 30 години, вели дека никогаш не изгледала подобро и е пример дека раѓањето на две деца не значи и крај на некогашниот добар изглед.

„Мислев дека во 20-те години се чувствував најдобро, но сега сфаќам дека тоа ќе бидат 30-те“, вели таа.

Иако во меѓувреме станала мајка на две деца, Шонтел вели дека единствената навика која никогаш не ја променила откако децата дошле на свет е вежбањето.

„И понатаму вежбам секој ден. Никогаш не го менував стилот на тренирање, секогаш беше интензивен“, додала таа.

Оваа жена е вегетаријанка и се труди да јаде намирници во нивниот природен облик, без обработка.

Внесува 1900 калории дневно, а јаде повеќе од што претпоставувате.

За појадок јаде две јајца, тост, домат, кромид, печурки, сирење и протеински шејк. Потоа следи времето за ужина, во кое комбинира свежо овошје или зеленчук со 120 грама ориз.

За ручек јаде вегетаријански хамбургер без месо, со сирење, спанаќ, домат и пиперка.

Ужината после ручекот е иста како и после појадокот.

За вечера ѝ е доволен зеленчук, свеж или на скара.

После вечерата, Шонтел јаде овошје или се засладува со брауни колачиња или протеински сладолед. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk