Мистеријата која и понатаму го шокира светот! Петгодишно девојче родило дете! Ова е нејзината трагична приказна

Кармин

06/12/2018

13:42

4.223

Големина на фонт

а а а

Во 1933-та година, во селото Тикрапо во Андрима, во семејство каде родителите биле земјоделци, родена е Лина Медина. Нејзиниот живот во почетокот по ништо не се разликувал од животот на илјадници нејзини врсници кои пораснале во руралната средина Перу, во тоа време.

Сепак, кога имала пет години, сè се променило! Медина станала најмладата личност која родила дете, а нејзиниот случај и денес се проучува во медицинските училишта ширум светот.

Ова е нејзината трагична приказна:

Кога Медина имала пет години, нејзината мајка забележала дека стомакот на девојчето необично пораснал, а таа се жалела на болки во пределот на абдоменот.

Загрижените родители, ја однеле Лина во најблиската болница, за да ја прегледаат лекарите. На почетокот, докторите биле убедени дека Лина има тумор, но, после тестовите ѝ поставиле многу неверојатна дијагноза - Лина Медина, некако, била во седмиот месец од бременоста.

Еден месец подоцна, на 14-ти мај 1939-та година, девојчето со царски рез родила момче. Имала 5 години и 7 месеци, а карлицата ѝ била премногу мала, па затоа не бил земен предвид никаков друг начин на пораѓање.

Синот на Медина бил потполно здраво бебе, тешко 2,7 килограми. Девојчето го нарекло Херардо, во чест на Херардо Лозада, посветениот доктор кој бил покрај неа за време на тоа неверојатно искуство.


За време на царскиот рез, докторот открил дека Лина имала потполно развиени зрели сексуални органи. Девојчето патело од ретко заболување на преран пубертет, но периодот во кој почнала да се развива, останал нејасен и невиден до денес.

Својата прва менструација, Медина ја добила кога имала само три години. Таткото на девојчето бил обвинет за сексуално злоставување и инцест и бил уапсен, меѓутоа, не се откриени никакви докази и набрзо бил пуштен.

До денес, причините кои довеле до бременост на Лина Медина не се разјаснети, а непознато е името на татото. Девојчето никогаш не сакало да зборува за тоа. Акушерот Хус Сендовал, во 2002-ра година објавил книга за случајот на Лина Медина, во која навел дека, психолошки, станувало збор за сосема нормално дете. Всушност, Медина повеќе сакала да си игра со кукли, отколку со својот син.

Херардо Лина пораснал со верување дека Медина му е сестра. Кога имал 10 години, ја открил вистината. Покрај необичните околности за раѓањето, станувало збор за потполно нормален и здрав човек.


Живеел обичен живот и починал во 1979-та година, кога имал 40 години. Медина подоцна се омажила за Руало Хуард и во 1972-ра година добила уште еден син. Со сопругот и денес живеат во сиромашен крај во Перу, под назив „Мало Чикаго“.

Ги одбива сите интервјуа и не сака да ја раскаже својата необична животна приказна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk