Ужасна судбина на најголемата порно икона: „Со пиштол ме присилија да го снимам тоа!“

Кармин

19/11/2018

22:13

14.317

Големина на фонт

а а а

Во далечната 1972-ра година, Линда Лавлејс се прославила со еден од најпознатите порно филмови на сите времиња, „Длабоко грло“. Филмот за жената која сфатила дека клиторисот ѝ се наоѓа во грлото, ја направил ѕвезда, а набрзо станала икона на сексуалната револуција.

Нејзиниот живот сепак бил далеку од бајка. Родена е како Линда Борман во строго католичко семејство во Бронкс. Мајка ѝ наводно често ја тепала, а на само 19 години родила дете кое морала да го даде на посвојување.

Кога го запознала Чук Треинор, својот прв сопруг, многу брзо почнала да живее со него, за да побегне од семејството, но ниту тоа не ѝ донело среќа. Тој набрзо станал насилен, а ја контролирал до таа мера што морала да бара дозвола за да оди во тоалет.


Токму Треинор бил човекот кој ја внел во светот на порнографијата, а актерката подоцна открила дека ја тепал и ја терал да се проституира. Наводно со пиштол ја присилил на групен секс со пет мажи, а тврдела дека со слични методи ја натерал да го снима нејзиниот најпознат филм.

„Кога го гледате филмот „Длабоко грло“, всушност гледате како ме силуваат. Злодело е што тој филм воопшто се прикажува, бидејќи цело време имав вперен пиштол на главата“, открила таа.

Во своите мемоари опишала како се однесувал кон неа.

„Ме третираше како пластична кукла. Ме продаваше на други мажи за пари. Се чувствував како ѓубре. Прифатив да снимам секс сцени за да не бидам убиена. Им се закануваше на членовите од моето семејство, беа во опасност и нивните животи“, напишала Линда.

Подоцна се приклучила во феминистички проект и станала голема противничка на порнографијата.

„Не се срамам од своето минато, ниту пак тагувам за тоа. Што и да мислат луѓето за мене, тоа не е реално. Кога ќе се погледнам во огледало, знам низ што сè поминав“, изјавила Линда во интервју, во далечната 1997-ма година.

Во 70-те години имала проблем со дрогата, поради што ја уапсиле во 1974-та година, во Лас Вегас, кога ја фатиле со голема количина на кокаин.

Својот сопруг злосторник го напуштила во 1975-та година, па се омажила за Лари Маршана и со тоа се повлекла од порно индустријата. Му родила две деца, но и нејзиниот втор брак завршил со развод.


После сообраќајната несреќа која ја доживеала во 1970-та година, преку трансфузија на крв се заразила од Хепатит Ц, поради што во 1987-ма година завршила на трансплантација на црни дроб.

Иако филмот „Длабоко грло“ заработил преку 600 милиони долари, животот на Линда завршил во сиромаштија. Од заработката не видела ниту еден денар, а нејзиниот поранешен сопруг го земал и нејзиниот хонорар, кој изнесувал 1250 долари.

Ниту учеството во феминистичкиот проект не ѝ донело заработка.

„Го користеа моето име, но никогаш не ми помогнаа. Знам дека на моја сметка заработуваа пари, како и сите останати“, рекла таа.

Починала на 53-годишна возраст, во април 2002-ра година, кога имала уште една сообраќајна несреќа, после која ѝ немало спас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk