Вил Смит за најтешките денови од бракот: "Плачеше 45 дена по ред"

Кармин

16/10/2018

08:51

4.714

Големина на фонт

а а а

Вил Смит отворено проговорил за проблемите кои ги имал во бракот со Џејда Пинкет.

Во исечокот од новата епизода од шоуто на својата жена, "Red Table Talk", 50-годишниот актер заплакал кога зборувал за мрачните времиња во нивниот 21-годишен брак. 

"Постоеше период во кој твојата мајка плачеше 45 дена по ред, почнав да водам дневник", ѝ вели Смит на својата ќерка во новото видео. "Си пропуштил неколку денови", додала Џејда.

"Така беше секое утро. Мислам дека тоа беше најлошо чувство околу нашиот брак", додал Вил.

Во шоуто чија епизода ќе биде достапна за неколку дена се приклучила и мајката на Џејда, Адриен Банфилд-Џоунс и 17-годишната ќерка Вилоу. Понатаму во видеото Вил зборува дека не ја гледа својата жена како брачна туку и како животна партнерка. Во снимката, Џејда признала и дека излегувала со многу луѓе. "Ок, доста ми е од овој Red Table", се пошегувал актерот. 

Вил и Џејда го имаат и 20-годишниот син Џејден, додека Вил го има и 25-годишниот син Треј од својот прв брак со Шери Зампино.






Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk