Зошто понекогаш глумиме оргазам?

Кармин

12/10/2018

13:40

1.044

Големина на фонт

а а а

Не сакате да објаснувате и разговарате за проблемите? На тој начин намалувате една грижа, но не го решавате целосно проблемот, туку само моментално.

Исто е и со оргазамот, глумиме дека сме го доживеале, само за да не објаснуваме во што е проблемот. На секоја жена барем еднаш ѝ се случило ова.

Но, причините за тоа се следниве:

- Чувствувате дека нема да доживеете оргазам. Понекогаш тоа едноставно не се случува. Иако тоа е проблем на поголемиот број жени, може да им се случи и на момците. Особено ако во целата ситуација е вклучен и алкохол.


- Едноставно сакате сексот да заврши. Понекогаш партнерот инсистира двајцата да доживеете оргазам, а кога чувствувате дека тоа нема да се случи, глумата е таа која ќе го забрза целиот процес. 

- Сакате да ги избегнете негативните последици. Повеќето луѓе не сакаат да ги повредат туѓите чувства. 


- Глумата ќе спречи вашиот партнер да се чувствува лошо, поради тоа што нешто не направил како што треба и дека тоа е причината поради која не сте доживеале оргазам.  

- Сакате да ги задоволите неговите потреби. Глумење оргазам докажува дека ви е грижа за него, неговите чувства и неговата самодоверба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk