Меланија Трамп во едноставна комбинација: Овој фустан ќе биде вистински хит оваа сезона!

Кармин

12/09/2018

09:38

2.431

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп (48) е видена на пат кон Пенсилванија, кадешто таа и нејзиниот сопруг Доналд Трамп, биле на помен на жртвите во терористичкиот напад, на 11-ти септември, во 2001-ва година.

Трамп и првата дама Меланија отишле во Пенсилванија, за да присуствуваат на комеморацијата, во близина на Шенксвил, кадешто во саботата бил откриен нов споменик на жртвите во авионот, кој таму се срушил.


Новиот споменик бил именуван како "Кула на гласови".

За оваа прилика, првата дама одбрала мини фустан во темно-сина боја, со потпис на Херв Пјер.


Фустанот има едноставен крој, а совршен облик ѝ дава појасот, кој го врзала на левата страна.


Меланија овојпат се одлучила за едноставен стил, без накит и со пуштена коса, а своите омилени чевли ги искомбинирала во согласност со фустанот, па така целата била облечена во темно-сина нијанса. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk