Таа е "кралица на есента", а еве зошто секогаш треба да ја имате при рака

Кармин

12/09/2018

09:16

1.921

Големина на фонт

а а а

Јаболкото содржи и до 40 отсто витамин Ц, како и витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо.

Овој плод е богат со полифеноли кои имаат моќно антиоксидативно дејство. Општо е познато дека барем едно јаболко дневно допринесува за општото здравје. 


Јаболката најчесто се јадат сирови, но и се печат, готват, сушат, преработуваат во сокови, мармелади, џемови и желеа, а исто така се користат и во производство на јаболков оцет. Просечно, плодот се состои од 82 отсто вода, 12 отсто јаглехидрати, околу еден отсто масти и протеини и целулоза во исто толкава количина.

Јаболкото е корисно:

Во борбата против надуеност и дигестивни проблеми - три пати дневно консумирајте по едно кисело јаболко со средна големина, час до два пред или по јадењето.


Против дијареја - консумирајте изрендано јаболко или компот. Особено се препорачува користење на кисели јаболка, а пред да почнете да ги јадете, оставете ги малку на воздух да потемнат.

За подобра дигестија - редовно консумирајте печени или варени јаболка или компот од јаболко, особено во зимскиот период. Се препорачува по појадокот и вечерата да консумирате по две свежи јаболка.

Бидејќи е калориски сиромашен (100 гр. јаболка содржат околу 40 калории), овој плод е добар избор и кога станува збор за редукциските диети.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk