“Принцеза на народот”: 10 работи кои можеме да ги научиме од принцезата Дијана

Кармин

04/07/2018

12:18

2.600

Големина на фонт

а а а

Велшката принцеза Дијана, позната и како Лејди Ди, оваа година би го прославила својот 57-ми роденден. Сопругата на престолонаследникот Чарлс била една од најпопуларните членови на кралското семејство во историјата на Велика Британија.

Британците, но и остатокот од светот, ѝ завидувал на слободниот дух и големата љубов кон хуманитарната работа. Таа зрачела со едноставност, но и елеганција која ретко се среќава во кралскиот дворец. 


Иако од Чарлс се развела во 1996 година и ја изгубила својата титула, Дијана остана запаметена како “Принцеза на народот”. Причината поради која луѓето ја сакале ширум светот лежи и во нејзината едноставна мудрост од која можеме да научиме нешто и до ден-денес, или барем да се присетиме на важните работи во животот.

Ова се најпознатите изјави на принцезата Дијана:

1. “Семејството е најважната работа на светот”.

2. “Направи нешто добро и не очекувај награда за тоа, туку верувај дека некој некогаш ќе направи нешто слично и за тебе”.


3. “Прегратките можат да направат многу, посебно за децата”.

4. “Мислам дека најголемата болест на денешното време е чувството дека сме несакани”.

5. “Не играм по правилата. Низ животот ме води срцето, а не главата”.

6. “Сакам да бидам слободен дух. Некому тоа не му се допаѓа, но јас сум едноставно таква”.


7. “Кога си среќен, можеш многу да простиш”.

8. “Животот е само едно патување”.

9. “Најголемиот проблем во светот е нетолеранцијата”.

10. “Да се биде принцеза не е она што сите мислат дека е”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk