Русија ја изненади Шпанија, додека во второто осминафинале, кое исто така беше решено на пенали, Хрватска беше поуспешна од Данска и обезбеди пласман во следната рунда.
Не секогаш подобриот победува, но мора да им се честита на момците на „зборнаја“, кои со класична дефанзива со варијации во систем во средниот ред од 3 со 2 и 4 со 1 и последната петорка пред јунакот на овој меч Акинфеев поставена на 20 метри, не и дозволија на шпанската армада посериозно да ги загрози и да создадат некоја шанса за гол.
Шпанците пробуваа се, со извлекување на Силва и Иско во средниот ред, со спуштање по топка сакајќи да ги помести линиите на противникот, но рускиот бедем не наседна и мошне дисциплинирано ја спроцедуваа тактиката на Черчесов во чување зона и при секоја одземена топка се обидуваа да го пронајдат Џуба кој водеше борба со Пике и Рамос во тие воздушни дуели мошне успешно. Ова се манифестираше посебно во првото полувреме. Во второто, поточно од 60 минута па се до последниот судиски свиреж во 120 минута се концентрираа на тотална дефанзива и на пеналите. Влегувањето на Инисета и Карвахал во средина и честите промени на местата на средните со извлекување на страна со кратки додавања и промена на страна се со цел да ги деконцентрираат во поставеноста на Русите не им успеа. И со влегувањето на Аспес и Родриго во нападот во екстра времето ја подигнаа доминацијата и контролата на топката со блиц акции кои руската „зборнаја’ успешно ги неутрализираше.
Повеке од заслужњна победа и пласман во четвртфинале за „коцкестите“. Интересен динамичен натпревар, возбудлив до самиот крај и заслужен триумф извојуван против незгодните Данци кои го имаа извонредниот Каспер Шмајхел на голот, иако и тоа не беше доволно. Хрватите формациски со 4-2-3-1 влегоа како фаворити но налетаа на мотивираните Данци кои одлично им парираа и имаа свои шанси, но сепак поквалитетните Хрвати на крајот триумфираа во рулет серијата и се пласираа во следната рунда и широко си ги отворија вратите за полуфиналето. Данците настапија во формација 4-3-3 со Ериксен по левата странична линија во средниот ред, истапувајки од својот систем 4-2-3–1, а тој ја бараше својата позиција централно во организација на напад. Хрватите не беа на ниво од претходните натпревари но тоа се должи на агресивната игра на Данците кои правовремено ги покриваа главните креатори Модриќ и Ракитиќ во формација 4-5-1 и во првиот дел беа непријатни по страничните позиции со Поулсен и Брајтвајн пробивајки покрај Стриниќ, можеби најслабата алка кај Хрватите. Од друга страна, Перишиќ, Ребиќ и Манџукиќ имаа потешкотии со цврстата одбрана на противникот. Измените на Далиќ беа во интерес да се одржи баланс со физички добро подготвените Данци и тој успеа во намерата. Очигледно беше пред крај на натпреварот и потоа во продолженијата, каде доколку Модриќ на 5 минути пред крај постигнеше гол од пенал ќе ги избегнеа пеналите, но покажаа челична моќ и концентрација и заслужен пласман понатаму.