Меган Маркл за прв пат ги разочара модните критичари

Кармин

19/06/2018

16:45

4.818

Големина на фонт

а а а

Шармантната Меган Маркл одамна ги купи симпатиите кај целиот свет со својата непосредност, необична убавина и искрена љубов која сјае со секој нејзин гест. Ја засакавме уште од самиот почеток и нејзиниот стил кој бил модерен, дамски, а и многу префинет.

Меѓутоа и на најдобрите може да им се случи да погрешат. Само што никој не очекувал дека војвотката од Сасекс толку брзо ќе направи модна грешка. 


Имено, Меган и принцот Хари во саботата присуствуваа на венчавката на роднината на принцот и во таа прилика предизвика големо внимание, но и расправа во медиумите. Фокусот и понатаму бил кон харизматичната Меган која и овој пат со својата насмевка ги привлече присутните, иако со модната комбинација ги предизвика модните критичари за прв пат да ја искритикуваат.


Меган пристигна во долг фустан со бела основа, со небесно сини цветови, креација со потпис на Оскар де ла Рента. Лежерната комбинација која повеќе одговара за попладневно дружење на плажа или покрај некоја река, направи Меган да изгледа покрупно, криејќи ја нејзината феноменална фигура.


Во доменот на аксесоарите Меган се водеше според проверените формули, во рака носела мала, класична чанта додека на главата носела бела тока-шешир со стилизирана машна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk