До сите жени кои се незадоволни со своето тело: Крупната манекенка испратила важна порака

Кармин

13/04/2018

16:22

6.997

Големина на фонт

а а а

Познатата плус сајз манекенка Искра Лоренс објавила фотографија на својот Инстаграм профил, на која позира во црн костим за капење, а под фотографијата напишала охрабрувачка порака до сите жени.

Искра Лоренс честопати објавува мотивациски пораки покрај нејзините фотографии бидејќи смета дека сè се врти околу љубовта кон себеси. Овојпат, таа покрај својата фотографија која е направена во Лaс Вегас објавила и статус во кој истакнала неколку главни точки. 

“Најважна е вашата самодоверба”

Лоренс напоменала дека не секоја фотографија во бикини треба да има филозофски статус, со цел да се оправда.

“Вие заслужувате почит без оглед на тоа што носите. Можете да објавите нешто само затоа што вам ви се допаѓа. Не се чувствувајте како да мора да објавувате фотографии од себеси во костим за капење само затоа што мислите дека таквите објави ќе добијат повеќе лајкови”, порачала 27-годишната Искра која добивала навредливи коментари на сметка на физичкиот изглед и губела модни ангажмани токму поради вишокот на килограми.

“Најважна е вашата самодоверба, затоа останете верни на себеси”, заклучила Лоренс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk