#Girlspower: Пет книги напишани од жени за жени

Точка

19/03/2018

12:31

4.792

Големина на фонт

а а а

Драги дами, време е во своите домашни библиотеки да сместите неколку книги кои се наменети токму за вас.

Не станува збор за готвачи или книги за самопомош, туку за моќни книги за феминизмот кои можат да ви го променат животот. 

We Should All Be Feminists – Чимаманда Нгози Адичи

Со оваа книга, ценетата нигериска авторка пробува да ја објасни вистинската смисла на феминизмот со доза на хумор. Јасно и уверливо, оваа книга помага во разбирање на феминизмот онаков каков што е. 


Fun Home: A Family Tragicomic – Алисон Бекдел

Автобиографска трагикомедија која го прикажува животот на авторката во детството, како и пред и по смртта на нејзиниот татко. Исто така, книгата зборува и за тоа како таа сфатила дека е геј. Алисон е творец на познатиот Бекдел тест, кој го анализира родниот јаз.

A Room of One’s Own – Вирџинија Вулф

Со оваа книга, објавена во 1929 година, авторката предлага визија за книжевноста и жените како автори. Книгата која ја претставува генијалноста на авторката започнува со “На жените им се потребни пари и своја соба со цел да ѝ се посветат на книжевноста”.

The First Bad Man – Миранда Џулај

Миранда Џулај е вистинска муза на хипстерите и мултидисциплинарна уметница. Оваа жена има посебна визија за животот – како млада, таа му се придружила на феминистичкиот панк колектив “Riot Grrrl”. Преку колективот, таа научила како да лаже за да го добие она што го сака.

The Second Sex – Симон де Бовоар

Есеј кој го комбинира егзистенцијализмот со феминизмот, рефлексија на жената и нејзината реалност на овој свет. Книгата е напишана во 1949 година и претставува вистински класик на феминизмот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk