Овој хороскопски знак се смета за најлош во врските

Точка

09/03/2018

15:30

5.836

Големина на фонт

а а а

Тие не поднесуваат ни најмала критика на своја сметка. Од една страна, лицата родени во знакот на Овен се многу посебни и харизматични, но од друга страна тие очекуваат голема почит и константна посветеност.

Токму затоа Овенот се смета за еден од најкомплицираните знаци кои тешко остваруваат долготрајни и квалитетни врски. 

 

Кога кон тоа ќе ја додадете и нивната желба да бидат први во сè и секогаш да ја имаат контролата во свои раце, ќе се сложите дека не знаете колку би издржале со таква личност.

Но, желбата за контрола Овните ја покажуваат подоцна, кога ќе го освојат она што го сакаат и кога таа личност ќе се опушти во нивно друштво. Таа нарцисоидност ја следи и ставот “земи или остави”.


Меѓутоа, кога ќе се заљубат Овните се многу лојални партнери кои во потполност ќе се посветат на подобрата половина, но само доколку таа исполнила сè што се очекувало од неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk