Најдоброто од природата: Билни чаеви кои ги смируваат нервите

Точка

18/12/2017

13:46

19.962

Големина на фонт

а а а

Во денешно време секој од нас е изложен на стрес и сè повеќе луѓе имаат проблеми со нервозата. Но, наместо да пиеме лекови, можеме да си помогнеме себеси на природен начин.

Анисот, мајчината душичка, камилицата, маточината и лавандата се билки кои се сметаат за најдобри борци против анксиозноста, стравот и нервозата, но исто така тие го ублажуваат стресот, ја регулираат неправилната работа на срцето и ја намалуваат главоболката и несоницата. 

Анис

Оваа билка со интензивен и карактеристичен мирис може да биде одлично средство за смирување. Анисот ги смирува нервите и помага против нервоза, раздразливост, хистерија и несоница. Освен што ги смирува нервите, ја смирува и надуеноста, а може да се користи и при болни менструации.


Мајчина душица

Лековитите состојки на оваа билка се во листот и во цветот, а нејзините етерични масла ги опуштаат мускулите. Многу поволно делува на нервниот систем, релаксира, ја намалува психичката напнатост и нервозата, а овозможува и добар сон. Со цел да ги зачувате нејзините состојки, секогаш поклопувајте го чајот и оставете да отстои околу половина час пред да го испиете.

Камилица

Оваа лековита билка го опушта целото тело. Камилицата ги опушта и ги смирува ткивата и мускулите, а силните дози помагаат и при несоница. Камилицата е честа состојка во мешавините кога се во прашање билните лекови за смирување.


Лаванда

Билката со пријатен мирис уште од порано се користи против несоница и за лечење на нервите. Покрај тоа што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и вознемиреноста, чајот од лаванда делува благотворно и во случај на проблеми со сонот. Чајот се подготвува многу едноставно, а дејствува бргу. Прелијте две лажички суви цветови од лаванда со зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете, засладете со мед и консумирајте две шолји на ден.

Маточина

Маточината делува позитивно на психата. За лековитите својства на оваа билка се најзаслужни есенцијалните масла кои ги опуштаат мускулите, го зајакнуваат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик. Може да се користи сама или во комбинација со други билки.

Чајот од маточина помага и во главоболка предизвикана од нервоза.


Кантарион

Кантарионот е најпознатиот природен лек против депресија. Оваа билка со векови се користи како лек против депресија, потиштеност, анксиозност како и кај проблеми со нервите. Содржи етерични масла, а за разлика од синтетичките лекови таа не создава зависност, ниту пак има штетни нуспојави.

Валеријана

Валеријаната со векови се употребува за ублажување на нервни тегоби. Како средство за смирување се користи сама или во комбинација со други билки, како чај. И оваа хербална мешавина е многу ефикасна, во облик на чај или тинктура.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk