Најдобриот маркетинг кој некогаш постоел на оглас за џип на старо

Кога сакаме да го продадеме старото возило, најчесто го огласуваме во весник или пак на интернет огласниците, прикачувајќи фотографии од него и наведувајќи ги неговите перформанси.. Но сопственикот на овој џип (инаку графички дизајнер за визуелни ефекти) креирал видео во кое го ставил неговото Suzuki Vitara од 1996-та година во најразлични ситуации. По ваквиот оглас, нема сомнение дека купувачите "ќе се тепаат" за џипот.