Научници открија најстари човечки фосили познати на човештвото до сега во Мароко

Точка

15/06/2017

15:38

1.577

Големина на фонт

а а а

Коските на античките ловци откопани во Мароко се најстарите примероци на човештвото кое му претходи на модерниот хомо сапиенс.

Посмртните останки датираат од пред 300.000 години, во времето кога Сахара била зелена и неколку рани претци на човечкиот род талкале по светот. Остатоците се 100.000 години постари од било кој друг фосилен остаток познат на човештвото. 

Антропологот Жан-Жак Хублин од Макс Планк Институтот за еволутивна биологија во Лајпциг, Германија изјави "Овие материјали ги претставуваат корените на нашиот вид, најстарите Хомо сапиенс пронајдени некогаш, некаде" ...


Повеќето истражувачи сметаат дека модерното човештво постепено се појавило од популацијата која живеела во Источна Африка пред 200.000 години. Претходните откритија од рани хомо сапиенс фосили беа концентрирани на различно места но во Етиопија. 

Но откритието на фосили во Jebel Irhoud, во близина на Маракеш во Северна Африка укажа на тоа дека раните луѓе веќе се имале проширено низ поголемиот дел од Африка уште тогаш. 


"Она што е навистина уредно во ова откритие е тоа што сега имаме докази од хомо сапиенс на уште една локација во Африка - впрочем најодалечена од сите досегашни, но сепак Африка", изјавил антропологот Бернард Вуд од Центарот за проучување на напредна човекова Палеобиологија на Универзитетот во Вашингтон. 

Овие предци имале прилично "модерни" црти на лицето, но релативно примитивни черепи. Ова укажува на тоа дека когнитивните капацитети на модерниот мозок се уште не ја добил својата форма. Нивните лица имаат толку современ изглед што сосема би можеле да поминат незабележани како "поинакви" на тротоар во преполн град и покрај издолжената форма на нивниот череп. 


Ваквите комбинации на особини ги заматуваат разликите помеѓу еден човечки предок од друг и им создаваат тешка ситуација на научниците да ги класифицираат видовите прецизно. Всушност, генетските докази покажуваат неколку рани човечки видови, како Неандрталците, кои се тесно поврзани со Хомо сапиенс што би можеле да се помешаат. Но неколку независни експерти се согласуваат дека овие фосили им припаѓаат на Хомо сапиенс. 


"Има модерно лице и примитивен череп за мозокот", вели Џон Флигл, експерт за еволуцијата на приматите на факултетот за медицина во Стони Брук. 

"Очекувано е да има примитивни карактеристики, дури и ако е на главната линија од нашата лоза. Фосилите го покажуваат она што е порана фаза од нашиот вид" - изјавил.

Научниците откриле коски од тројца возрасни, еден тинејџер и едно дете помешани со алатки од изострен кремен и коски од газела и зебра, што укажува дека биле ловци. 


Алатките биле тестирани со помош на техника наречена термолуминесцентно датирање. Ова открива колку време поминало откако објектот последен пат бил загреван. Според оваа мерка, пронајдените алатки се околу 315.000 години стари, плус или минус 34.000 години. 

Забната глеѓ од фосилната вилица помогна да се открие од кое време датира со користење на електрон спин резонанца, која ја мери разидуалната радијација изградена од кога е формиран материјалот. Тоа покажа дека тие се стари околу 286,000 години, плус или минус 32.000 години, велат научниците.


"Тоа не води да заклучиме дека овие фосили се стари околу 300.000 години", вели Даниел Рихтер од Макс Планк Институтот кој ги спроведе истражувањата околу староста на фосилите.



Спонозорирани линкови

Маркетинг