Остров во Шкотска бара нов сопственик: Цената е 414.000 евра, а инфраструктура речиси и да нема

Шкотскиот остров Хилдасеј, со површина од околу 110 хектари е понуден на продажба за 350.000 фунти, односно приближно 414.000 евра. Островот се наоѓа покрај западниот брег на Шетландските Острови, на северот на Шкотска, до него може да се стигне исклучиво со брод, а неговиот иден сопственик ќе мора да се откаже од дел од погодностите на современиот живот, меѓу кои и приклучокот на електричната мрежа и патната поврзаност.