Сè започнало со фотографија на Инстаграм: Во Колумбија откриено исклучително ретко растение

Фотографија објавена на социјалната мрежа Инстаграм довела до откривање на нов вид џиновски воден крин во џунглата во Колумбија. Сепак, се проценува дека ова растение, чии листови можат да се забележат дури и од вселената, веќе е критично загрозено. Новиот вид, наречен „Викторија колумбијана“ (Victoria colombiana), е потврден во научен труд објавен во петокот во списанието „Фитотакса“, со што бројот на познати видови џиновски водни кринови се зголемил на четири