Дарио со нова песна „Живот е лото“: „Уживајте, размислете и наздравете сами за себе!“

Дарио Панковски ја израдува својата публика со нова песна, насловена „Живот е лото“, со која испраќа порака која поттикнува на размислување за животот и неговата непредвидливост. „Ова е мојата нова песна ‘ЖИВОТ Е ЛОТО’. Уживајте, размислете и наздравете сами за себе!“ – напиша музичарот, претставувајќи го новото музичко остварување.