Финскиот претседател Александар Стуб нагласува дека само Русија и Украина знаат да водат модерна војна, а Европа учи од украинското искуство во користењето на беспилотните летала и одбранбените технологии.
Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека руската инвазија врз Украина од корен го променила начинот на војување и дека европските држави сè повеќе склучуваат договори со Киев за да ги искористат украинските воени искуства и технологијата на беспилотни летала.
Говорејќи на климатската конференција на Обединетите нации КОП31 во турската Анталија, Стуб се осврна на брзиот развој на европската одбранбена индустрија.
„Постојат точно две земји, покрај уште неколку други во светот, кои денес можат да водат модерна војна – Русија и Украина. Секако, тука се и Израел и други, како САД, тоа не го негирам“, рече Стуб.
Stubb: “You see a lot of us in Europe now making drone deals with Ukrainians. Why? They have data, battlefield experience, and hardware, capacity to produce. In 4.5 years, Ukraine went from producing 0 drones to having capacity to produce 10 million. We need to learn from that.” https://t.co/4dMYmFYPWP
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) November 27, 2026
Тој посочи дека Европа веќе почнува да ги применува лекциите научени во Украина, поради што многу европски земји склучуваат договори со Киев за беспилотни летала.
„Зошто го правиме тоа? Затоа што имаат две работи – податоци, односно искуство од бојното поле, и капацитет за производство“, додаде финскиот претседател.
Стуб нагласи дека Украина пред четири и пол години не произведувала ниту еден дрон, а годинава има капацитет за производство на десет милиони беспилотни летала.
„Мораме да учиме од тоа, со сите ризици што ги носи. Мораме да разбереме дека војувањето повеќе не се одвива само на море, копно и во воздух, туку и во вселената и киберпросторот“, истакна Стуб.
Финска, која дели повеќе од 1.300 километри копнена граница со Русија и која по почетокот на војната во Украина стана членка на НАТО, во последните години интензивно инвестира во модернизација на војската, киберодбраната и соработката со украинската одбранбена индустрија.











