Ројтерс: САД ги поттикнувале Венецуела и Ирак да размислат за излез од ОПЕК

Точка

27/11/2026

20:00

426

Големина на фонт

а а а

Според извори на агенцијата, разговорите се воделе претходно годинава, кога Вашингтон настојувал двете земји да го зголемат производството на нафта.

Американската администрација претходно годинава ги поттикнувала Венецуела и Ирак да разгледаат напуштање на ОПЕК, според десет лица запознаени со разговорите. Двете земји се меѓу петте основачки членки на организацијата. Ројтерс ги објави деталите.

Седиштето на ОПЕК во Виена, архивска фотографија

Седиштето на ОПЕК во Виена, архивска фотографија. Фото: Vincent Eisfeld / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Во тој период Вашингтон се залагал за поголемо производство на нафта и повеќе инвестиции во двете земји. Дел од американските претставници сметале дека производствените квоти на ОПЕК со текот на времето би можеле да го ограничат планираниот раст.

Два извора на агенцијата велат дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман интервенирал во текот на летото и ја убедил американската администрација да не врши дополнителен притисок врз Венецуела. Во Ирак, според други соговорници на агенцијата, можноста за излез била спомената на владина седница.