Емили Ратајковски отвора профил на платформа со „жешки“ содржини: Се дозна цената на претплатата

Кармин

26/11/2026

13:00

1.349

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски е уште една во низата светски ѕвезди кои ѝ се приклучија на „Subs.com“, (Сабс.ком) платформата за објавување содржини со претплата, која ја покрена Тим Стокли, сосопственикот на „Онлифенс“.

Познатата 35-годишна манекенка ја објави веста во средата, откривајќи дека станала и сосопственичка на платформата. Така им се приклучи на Меган Фокс и Микеле Мороне, кои минатиот месец станаа дел од проектот како креатори на содржини и косопственици.


Ратајковски е позната по своите провокативни фотографии, а само на Инстаграм ја следат повеќе од 27 милиони луѓе. Толкавиот број обожаватели би можел да ѝ донесе значителна заработка.


Експертите од индустријата претходно за „Дејли мејл“ процениле дека Меган Фокс би можела да заработува милиони долари месечно од продажба на ексклузивна содржина.

На обожавателите ќе им овозможи увид во приватниот живот

Иако Ратајковски е позната по фотографиите на кои позира во провокативни изданија, на новата платформа планира да понуди и нешто поинаква содржина. Таа започнува видео-серијал под наслов „Diary with Emily“, во кој на обожавателите ќе им овозможи да ѕирнат во нејзиното секојдневие.

„Пораснав во времето на „Тамблер“ и „Блогспот“. Имаше нешто навистина забавно и лично во тоа да имате свое мало катче на интернет“, рече Ратајковски.


„Можевте да објавите фотографија што ви се допаѓа, некоја случајна мисла или нешто што ве инспирирало, без притоа премногу да размислувате за тоа“, додаде таа, велејќи дека „Сабс.ком“ ја потсетува токму на тој период.

„Како да сум отворила приватен профил на Инстаграм, на кој можам да споделувам одлични фотографии од омилените места, работи што ме интересираат и моменти што можеби вообичаено не би ги споделила на мојот главен профил“, објасни таа.


Месечната претплата за нејзиниот профил моментално изнесува 19,99 долари (18 евра), додека за пристап до одредени објави треба да се издвојат и до 50 долари (46 евра).

Засега не е познато каква друга содржина, освен најавениот видео-серијал, ќе им нуди на своите претплатници.

Нов проект на основачот на „Онлифенс“

Зад платформата „Сабс.ком“ стои британскиот претприемач Тим Стокли, најпознат како основач на „Онлифенс“. Покрај Мороне и Фокс, кои воедно се и сосопственици на платформата, свои профили имаат и ѕвездата на ријалити шоуто „Geordie Shore“ Клои Фери, австралиската актерка Карла Бонер како и Аманза Смит од ријалити серијата „Selling Sunset“.


Меган Фокс претходно откри дека се приклучила на проектот бидејќи сака да ја преземе контролата врз сопствениот имиџ.

„На жените со децении им се вели дека видливоста носи моќ, но притоа некој друг има контрола врз платформата, публиката или начинот на кој се прикажани. Ме интересира што се случува кога жените самите ја преземаат контролата врз сите три нешта“, објасни актерката.

„Меган не отвора само профил на Сабс. Таа е наша рамноправна партнерка и учествува во изградбата на платформата“, додаде Стокли.

Поради големиот интерес страницата веднаш „се срушила“

Поради големиот број посетители, страницата „се срушила“ само неколку часа откако во петокот почнала со работа. „Постојано ја рушите страницата. Екипата напорно работи за повторно да проработи“, напиша Фокс на Инстаграм.

Таа претплатата на својот профил ја наплаќа 18 евра, а нуди и низа објави за кои претплатниците мора дополнително да платат. Цените на таквата содржина се движат од 9 до дури 275 евра.


Истата цена за месечна претплата ја одреди и нејзиниот колега, италијанскиот актер Микеле Мороне, кој исто така дополнително наплаќа за пристап до одредени објави.

Мороне се прослави со главната улога во еротскиот трилер „365 дена“ од 2020 година, кој поради експлицитните сцени предизвика бројни реакции, како и со неговите продолженија. Глумел и покрај Сидни Свини во филмот „The Housemaid“, а во моментов го снима неговото продолжение.


Кога минатиот месец ја најави соработката со новата платформа, актерот на обожавателите им порача дека ќе им покаже досега непозната страна од себе. „Сите мислат дека ме познаваат. Од филмовите, од фотографиите, преку брендовите, музиката и социјалните мрежи… Но вистината е дека досега видовте само еден дел од мене“, напиша тој.

„Постои дел од мојот свет што не го делам со секого. Мојата полична, поавтентична страна. Без филтри. Одлучив да ви ги отворам вратите од тој свет“, заклучи тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk