Познат износот на алиментацијата: Еве колку Бастијан Швајнштајгер месечно ќе ѝ плаќа на Ана за синовите

Кармин

25/11/2026

08:33

696

Големина на фонт

а а а

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер ќе мора месечно да издвојува вкупно 45.000 евра за издржување на тројцата синови што ги има со поранешната сопруга Ана Ивановиќ, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од Германија.

Според тие наводи, судот на Мајорка донел привремена одлука со која е определено Швајнштајгер за секој син да плаќа по 15.000 евра месечно, што на годишно ниво изнесува 540.000 евра.

Животен стандард и старателство над децата

При одредувањето на износот судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер, но и животниот стандард на кој се навикнати децата. Така, во пресметката влегле и секојдневните трошоци за домаќинството, меѓу кои се приватни готвачи, дадилки, куќни помошнички и градинари.


Старателството над тројцата синови ѝ припадна на Ивановиќ. Поранешната прва тенисерка во светот и освојувачка на Ролан Гарос ќе ја задржи и куќата на Мајорка, која ја купила уште пред почетокот на врската со германскиот фудбалер.

Крај на љубовта по речиси единаесет години

Ана и Бастијан се запознаа во 2014 година, а се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција. Во бракот ги добија тројцата синови – Лука (2018), Леон (2019) и третиот син роден во 2023 година. Нивната врска заврши по речиси единаесет години, а разделбата беше официјално потврдена во јули 2025 година, со образложение дека пресудиле непремостливите разлики.


Приходи по фудбалската кариера

Иако фудбалската кариера ја заврши уште во 2019 година, Швајнштајгер и понатаму остварува значителни приходи. Од 2020 година работи како стручен коментатор и аналитичар на германската телевизија „АРД“, со која има договор најмалку до 2027 година, а се проценува дека секое телевизиско појавување му носи помеѓу 10.000 и 25.000 евра.


Дополнителна заработка му обезбедуваат и спонзорските ангажмани, меѓу кои се истакнува кампањата за познат ланец за брза храна во пресрет на Светското првенство во 2026 година. Неговото вкупно богатство се проценува на помеѓу 60 и 70 милиони евра, од кое најголемиот дел го стекнал на фудбалските терени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk