Скопјанка со тешки повреди откако во неа удрил автомобил

Макфакс

24/11/2026

11:40

172

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, 65-годишен возач удрил во жена која се здобила со тешки повреди и беше згрижена во Ургентен центар, додека полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Вчера во полицијата е пријавено дека на улицата Христо Татарчев во Скопје, 65-годишниот В.Д. од селото Сопиште, скопско управувајќи патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во 57-годишната А.М. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.