Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект во Ресен и снимале со телефон

Макфакс

24/11/2026

11:50

157

Големина на фонт

а а а

Двајца малолетници од Ресен се сомничат дека предизвикале пожар во напуштен објект, при што едниот од нив го снимал инцидентот со мобилен телефон. Случајот е пријавен и е започната кривична постапка.

За двајца малолетници од Ресен постои сомнеж дека предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство, при што едниот од нив снимал со мобилен телефон.

Како што информира МВР, настанот се случил на 2 ноември годинава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе извештај против двајцата малолетници поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.