Одлична вест од РКЕ: Ново поевтинување на горивата во Македонија, еве колку ќе чинат од полноќ

Макфакс

23/11/2026

13:30

358

Големина на фонт

а а а

Од ноќеска на полноќ ќе се поевтинат бензините и дизелот во Република Северна Македонија, со што малопродажните цени ќе бидат намалени за неколку денари по литар согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе поевтинат за два и за 3,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг и сега ќе изнесува 48,110 ден/кг.